Paragliding club "DELTA" - Prilep

Welcome to Our Website!

Голем меѓународен успех на ветеранот во параглајдерството Миле Јованоски

Здраво почитувани!

Ветеранот во параглајдерство Миле Јованоски пред неколку денови го освои првото место, во дисциплината прецизно слетување, на два меѓународни турнири.
Едниот турнир беше организиран во Србија, во близина на Ниш, а другиот турнир се одржа во Маврово, во организација на параглајдерскиот клуб „Кондор“ од Гостивар, каде учествуваа параглајдеристи од Албанија, Косово, Македонија и Турција.

Нови меѓународни успеси на прилепскиот параглајдерист Миле Јованоски

Ветеранот и селектор на македонската параглајдинг репрезентација Миле Јованоски и членовите на клубот Делта од Прилеп уште еднаш докажаа дека се врвни спортисти со кои се гордее Прилеп и Македонија.
Јованоски го освои третото место на големиот меѓународен натпревар во парагалјдерство во дисциплината прицизно слетување кој од 22 до 24 декември се одржа во албанскиот град Корча. На натпреварот учествуваа над 50-тина пилоти од Албанија, Косово, Србија, Македонија, Бугарија, Грција, Турција и Англија. Второ место на натпреварот беше Хизри Губедини од Косово, а првото место го освои Јасен Нејчеб од Бугарија.