Prilep Open 2014, 01 - 02 November, Treskavec



Се оствари сонот на Прилепските параглајдеристи особено на пионерот на овој спорт Миле Јованоски кој од истото место летал пред 25-30 години, а воедно даде предлог проект за изградба на новото полетувалиште. На 1 Ноември 2014 година свечено се отвори новонаправеното полетувалиште на Трескавец. Летаа во тандем и градоначалникот г-ин Марјан Ристески и амбасадорот на САД во Македонија г-н Пол Волерс. Се поминаа убави два дена и околу 100 параглајдеристи учествуваа на ПРИЛЕП ОПЕН 2014 во дисциплината прецизно слетување во цел.
И што да се каже? Најмладиот 19 годишниот во репрезентацијата на Македонија, добитник на стипендија спортска надеж од Агенцијата за спорт и млади, најмлад и во фамилијата параглајдеристи Јованоски, по стапките на својот брат Мартин Јованоски, БОРЈАН ЈОВАНОСКИ со најмалку негативни поени го освои првото (1) место, на второ (2) место беше Бугаринот ЈАСЕН НЕЈЧЕВ, а на трето (3) место беше искусниот МИЛЕ ЈОВАНОСКИ татко, тренер на Мартин и Борјан Јованоски и селектор на Националниот тим во дисциплината прецизно слетување. Уште еден успех на членовите на Параглајдинг клубот ДЕЛТА од Прилеп и со тоа докажаа којзнае по кој пат дека победникот во овој спорт е секогаш со презимето ЈОВАНОСКИ. Оваа година му е наклонета на БОРЈАН ЈОВАНОСКИ и само да напоменеме дека тој беше победник пред неколку недели на Гостивар Опен 2014.
Случаен минувач рече: ПАРАГЛАЈДЕРСТВОТО Е СПОРТ КАДЕ СЕКОГАШ ПОБЕДУВА ФАМИЛИЈАТА ЈОВАНОСКИ. ТАКА БЕШЕ И ОВОЈПАТ (а тоа е веќе 10 години на овие Балкански простори).
Со почит до вас !
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп
www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk










