Paragliding club "DELTA" - Prilep

Paragliding World Cup Krushevo 2014 from 19 to 26 July 2014

Најдобриот Македонски параглајдерист МАРТИН ЈОВАНОСКИ го освои 1-меsто на 2-от ден од Светскиот куп 2014 што се одржува во Крушево од 19-26-јули 2014. Целата светска елита му се поклони на Мартин Јованоски, кој докажа и покажа дека Македонија е во Светскиот врв во овој спорт. Само да напоменеме дека истиот е носител на медал од Светско првенство во Литванија, во дисциплината Прецизно слетување бил 1-место на Светска ранг листа ,дека е освојувач на 4 - светски рекорди , дека е избран за најдобар млад спортист на Македонија и неколку години на град Прилеп. Табелата на втората трка од 80 километри изгледаше вака (погледнете):

http://pwca.org/results/results/t_5_22_1.htm?ts=140721214503

Со тоа докажува дека не само во дисциплината прецизно слетување е добар, туку дека сега атакува да биди и неприкосновен и во дисциплината прелети. Само да напоменеме светски купови во една календарска година има по 6 - на земјинава топка, еден во Европа и по еден во сите други континенти. Таму одат најдобрите параглајдеристи од целиот свет, каде што нив ги победи Македонската гордост на Македонското Воздухопловство, нашиот најдобар Македонски параглајдерист Мартин Јованоски. Со тоа се докажува дека овој спорт мора малку повеке да го потпомогне државата и Агенцијата за спорт и млади, бидејќи искрено имаме успех како спортисти, во двете дисциплини прецизно слетување и прелети.

Ukrainian - Hungarian Open 2014, 11 — 17 July 2014, Krushevo


Во конкуренција од 160 натпреварувачи на натпреварот Ukrainian - Hungarian Open 2014 што се одржа исто во Крушево од 11-17 јули генерално Мартин Јованоски го зема 3-то место. Тој е спортист и пилот на параглајдер од светска категорија и така треба да се третира и рангира во Македонскиот спорт.

Со почит до вас !
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп

www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk