Pernik Open 2014, 20 - 21 September, Bulgaria
Почитувани !

Како што ве известивме минатата недела за успехот на членот на параглајдерскиот клуб ДЕЛТА - Прилеп, за првото место на Мартин Јованоски, изминатиов викенд поточно на 20 и 21 Септември во соседна Бугарија во градот Перник 40 километри западно од Софија, се одржа голем меѓународен натпревар во параглајдерство во дисциплината прецизно слетување под името Pernik Open 2014, каде учествуваа учесници од 5 држави: Литванија, Романија, Србија, Македонија и домаќинот Бугарија.
После 5 серии на летови, Прилепските параглајдеристи на параглајдерскиот клуб ДЕЛТА - Прилеп се пласираа во горниот дел на табелата. Миле Јованоски беше на 7 - мо место (само да напоменеме дека разликата помеѓу првите 8 пилоти беше многу мала, што значи дека секој секого можеше да победи), а додека младиот Борјан Јованоски беше на 13 - то место каде исто и таму од 9 до 13 место разликата беше многу мала.
Се на се, според резултатите Прилепските параглајдеристи во моментов на Светската ранг листа на FAI се во првите 40 најдобри пилоти во светот, а таа е поставена на веб страната на Светската летачка федерација (FAI):
http://civlrankings.fai.org/?a=326&ladder_id=4&ranking_date=2014-09-01&
Најдобриот македонски параглајдерист Мартин Јованоски е на 10 - то место, Миле Јованоски е на 28 - мо место, а Борјан Јованоски е на 39 - то место. Со овие освоени места во Бугарија бодовите ќе се зголемат и нашите параглајдеристи ќе се качат некое место повисоко, бидејќи натпреварот беше со голем квалитет на кој учествуваа натпреварувачи со висок рејтинг од 5 држави.
Сезоната е при крај, а воедно и календарската 2014 година и ако членовите на параглајдерскиот клуб ДЕЛТА - Прилеп останат во првите 40 најдобри во светот ќе биде одличен успех.
Во продолжение ви пуштаме линк на кој може да се види како се рангирани Македонските параглајдеристи што се натпреваруваа, каде што највисоко на Светската ранг листа е Мартин Јованоски пласиран на 10 - то место:
http://civlrankings.fai.org/?a=326&ladder_id=4&ranking_date=2014-09-01&nation_id=231&
Ова е најдобар увид во квалитетот.
Во прилог подолу ви ги прикажуаваме резултатите од Pernik Open 2014.
Со почит до вас !
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп
www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk










