PERNIK OPEN, 5-6 October 2013, Bulgaria








Ве известуваме-информираме за Мегународен Параглајдерски натпревар "ПЕРНИК 2013" 5-6-октомври 2013.
Изминатиов викенд во cоседна Бугарија во град Перник 40 км западно од Софија, се одржа Мегународен Параглајдерски Натпревар во дисциплина cлетување во цел. Овој натпревар е под покровителство на Светската Воздухопловна Федерација FAI и се бодува во категорија FAI-2. Многу е битно и значајно што БУГАРИЈА е второ пласирана на последното Светско Првенство во овој спорт, и го имаат и Европскиот Првак Димитар Ралев.
Но ништо не се виде од тоа, кога настапија нашите Македонски Параглајдеристи од Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп. Едноставно браката ЈОВАНОСКИ, (Мартин и Борјан) им одржаа лекција во овој спорт. Имено во комплетен состав на Националноит тим на Бугарија кој е второпласиран на последното Светско првенство, заедно со Европскиот Првак Димитар Ралев, едноставно само немо следеја како дома на домашен терен им е одземено 1-место од Мартин Јованоски и 2-место од помладиот брат ,(кој од натпревар на натпревар е се подобар) Борјан Јованоски. Третиот наш натпреварувач искусниот Миле Јованоски исто така беше високо пласиран на 7-место, за се заедно во Екипна конкуренција го заземат 2-место.
Се на се , ПОВТОРНО ОДЛИЧЕН УСПЕХ на членовите на Параглајдинг клуб -ДЕЛТА-Прилеп, овојпат успехот е позначајен што е со двојна победа од браката Мартин и Борјан ЈОВАНОСКИ, значајна е што на домашен терен Бугарија е победена, а која преставува "Веле сила" во овој спорт, затоа треба да се верува во нашите Македонски Параглајдеристи, предводени од Мартин Јованоски кој заедно сега со неговиот брат можеме слободно да кажеме, ако им помогне ДРЖАВАТА, можат да атакуваат на највисоки дострели од типот Светски прваци или Македонија како тим-екипа на пиетесталот во овој спорт.
Со овие последни зборови, даваме знак дека многу малку треба, за да МАКЕДОНИЈА-ПРИЛЕП има Најдобри Параглајдеристи во светот, бараме Подршка и Помош од сите надлежни фактори во Државата и Општината-Прилеп , малку да помогнат во спорт каде стварно имаме успеси, да не се понови како многупати Неоденје на СВЕТСКО или ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО поради мали финансии, ние како Спортски клуб Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп кога е во прашајне клубското натпреваруванје, многу добро сне организирани ,но кога нашите членови се во Составот на Македонската Репрезентација , мислиме дека тогаш ДРЖАВАТА ( Федерацијата и Агенцијата за спорт и млади) треба да најдат начин како Финансиски да нема проблеми за едно Светско или Европско Првенство.
Резултатите го кажуваат тоа, 2013 не се замина на СВЕТСКО ПРВЕНСТВО во Сарајево,(поради финансии), таму Бугарија второ место , а сега еден тим, едно семејство кој достојно ја преставува ДРЖАВАТА во Светот и Европа , на домашен терен ги победува и им зема дел од признанијата. НЕКА СИТЕ НАДЛЕЖНИ СИ СЕ ПРОЧИТААТ во овој ИЗВЕШТАЈ, и да им дозволиме на НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ во Параглајдерство да не израдува со медал од Големите натпревари. Ова нека ни биде поука.
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп ке продолжи со успеси и понатаму, затоа што се работи Квалитетно Стручно и макотрпно 24/7 или ние велиме 365 дена.
Во прилог ви доставуваме РЕЗУЛТАТИ и некоја снимка од натпреварот и од победниците каде се ИНТОНИРАШЕ Македонската химна.
www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk










