Prilep Open 2015, 24 - 25 October



Изминатиов викенд се одржа Параглајдерски Натпревар ПРИЛЕП ОПЕН 2015.
Зедоа учество 4-држави: соседните Албанија, Бугарија и Косово и пилоти Параглајдеристи од Македонија со вкупна бројка над 80 параглајдеристи. Место на одржување требаше да биде ТРЕСКАВЕЦ - полетувалиштето 8-км од Прилеп. Но поради метeо условите на 24-10-2015 се леташе од Новоселски рид 14км западно од Прилеп, а додека на 25-10-2015 неделата се леташе од Крушево.
Се направија 5-серии и на крајот на 3 место беше Мартин Јованоски , 2 место беше Миле Јованоски , а за нијанса подобар од него беше и го освои 1-место Албанскиот натпреварувач Џонатан Ислами.
Се на се убав викенд каде нашите Прилепски параглајдеристи докажаа дека се во врвот на Балканскиот параглајдинг, особено членовите на Параглајдинг клуб - ДЕЛТА, кои многупати докажале дека се Амбасадори на ПРИЛЕП и Македонија.
Во женска конкуренција Ане Увцеска беше 1-место од клубот Скај Рајдер кој беше коорганизатор со Локалната Самоуправа-Прилеп и УСАИД.
Се излетаа над 400 сингл летови и околу 100 ТАНДЕМ летови каде сите оние што сакаа параглајдерство за првпат полетаа заедно со ИСКУСНИ ПИЛОТИ во височините над Мечкин Камен во Крушево.
Се на се ПРИЛЕП ОПЕН прераснува во ГОЛЕМ ТУРНИР, а прилепските Параглајдеристи се секогаш во врвот. Да напоменеме дека минатата година 1 место беше БОРЈАН ЈОВАНОСКИ, 2 место беше НЕЈЧЕВ ЈАСЕН од Бугарија и 3 место беше ветеранот Миле Јованоски можеби најзаслужниот човек да Прилеп да прерасне во ЦЕНТАР на Параглајдеристите од БАЛКАНОТ и ЕВРОПА, со напомена дека во 2016 година на терените во КРУШЕВО и ТРЕСКАВЕЦ ке биде ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО во параглајдерство во дисциплината прелети.
Со почит до вас !
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп
www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk










