Paragliding club "DELTA" - Prilep

Paragliding news

Новости од параглајдерство

БРАЌАТА ЈОВАНОСКИ НАЈДОБРИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАГЛАЈДЕРИСТИ

Почитувани , деновиве излезе најновата СЕТСКА РАНГ ЛИСТА на FAI на Параглајдеристи во дисциплината Прецизно Слетување. Имено Мартин Јованоски -најдобриот Македонски Параглајдерист кој е добитник на Спортски Оскар, избран за Млад Спортист на Македонија ,носител на 4-Светски Рекорди во својата дисциплина, во моментов е 13-место, а додека помладиот и се Подобриот Борјан Јованоски ,ги следи неговите успеси и што се вели во спортски жаргон,,Му дише на вратот,,е на 28-место.
http://civlrankings.fai.org/?a=326&ladder_id=4
2013год за двајцата беше многу успешна па затоа се во Светскиот врв во Параглајдерството ,Освоиаја голем број на Турнири -натпревари ,беа 2-место на СВЕТСКИ КУП кој се одржа во Вршац. Поради недостаток на Финансии не Отпатуваа на Светското Првенство во Сараево на Бјелашница.
Оваа 2014 год Интензивно се ПРИПРЕМААТ ,Борјан Јованоски тука во Република Македонија ,заедно со неговиот тренер , а и поради обврските во Средното Образование , а додека повозрасноит Мартин Јованоски , зедно со дел од Светската Елита е веке 4-месеци во ЈУЖНО АФРИЧКА РЕПУБЛИКА каде таму е ЛЕТЕН период и се лета Секојдневно и се ПРИПРЕМА за оваа сезона каде ги очекува ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО во ВРШАЦ-соседна Србија, а таму е докажан терен за нив.
Се надеваме дека 2014 година со помош на Структурите одговорни за Спорт во Државава, ке се направи ТИМ ,за да бидеме присутни како ,,Македонија,, на ЕВРОПСКОТО 2014 ,а додека Мартин и Борјан Јованоски , добро ја престават Македонија како Параглајдерска Нација.

www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk