Paragliding club "DELTA" - Prilep

Paragliding World Cup 2014, 24 September - 05 Oktober, Denizli, Turkey

Почитувани !


Најдобриот Македонски параглајдерист Мартин Јованоски во Турција на 3-место на последната 6-та, трка од Светскиот куп 2014. Тој воедно беше и единствен преставник на Македонија во Турција на ова Најквалитетно натпреварување во светот од областа на параглајдингот , кое всшусност беше Суперфинале на Светскиот куп за 2014. Генерално е на 22-место.
На натпреварот од Светскиот куп кое беше и СУПЕРФИНАЛЕ се одржаа 6-трки и се прелетаа преку 400км севкупно. Карактеристика е тоа што, кога беше најголемата трка од 91км ,тогаш нашиот Мартин Јованоски излезе на пиетестал-подиум со 3-место. Со овој резултат Мартин Јованоски избори влез или НОРМА за Светскиот куп 2015 година, едноставно да биде со најдобрите 100 пилоти во Параглајдингот и наредната година.
После едно месечен престој во Турција Мартин се враќа деновиве во Македонија. Само да напомениме дека беше и победник на ПРЕД СВЕТСКИОТ КУП , освојуваќи го 1-место , исто така во Турција пред 3-недели пред почетокот на СУПЕРФИНАЛЕТО за 2014. Со ова се докажува дека Параглајдингот е НАПОРЕН СПОРТ каде натпреварите траат повеќе денови а и се потребни повеке финансиски средства.

Со почит до вас !
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп

www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk