Paragliding club "DELTA" - Prilep

PGAWC VRSAC, Serbia, 11-13 April 2014

Голем успех на Македонските Спортисти во Параглајдерство.
Почитувани , изминатиов викенд (11-13 април 2014) во соседна Србија во градот Вршац одалечен 85 км северозападно од Београд и само 20 километри до границата со Романија ,се одржа Меѓународен параглајдерски натпревар во дисциплината Прецизно слетување во цел ,под името ,,ВРШАЦ ОПЕН 2014,, каде зедоа учество 8-држави од Европа.
http://www.vrsacopen.rs/
За информација Параглајдинг клуб-Делта-Прилеп ,зeде учество бидејќи на истиот терен во Септември ке се одржува точно во Вршац ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО 2014, и ова за нив беше како Тренинг пред Европскиот Шампионат. После три серии на слетувања, нашите Македонски параглајдеристи предводени од тренерот и селектор Миле Јованоски кој воедно е натпреварувач ,заедно со најдобриот Македонски Параглајдерист Мартин Јованоски освојувач на 4-светски рекорди и победник на голем број Натпревари од Меѓународен карактер, заедно со младиот и се подобар Борјан Јованоски кој од натпревар во натпревар прераснува во пилот на параглајдер од светска категорија, овојпат во редовите на Параглајдинг клуб Делта беше и се подобриот Лупчо Атанаскаов кој е доста талентиран параглајдерист. Горе споменативе како на тренинг во конкуренција од 18 клубови од 8-држави од Европа ,многу лесно со резултат од само 33 негативни поени го освоија 1-место , второпласирани беа, тимот на РОМАНИЈА со 36 негативни поени, а трето место беа Арес од Београд Србија со 90 негативни поени.
Во поединечна конкуренција исто така нашиот најдобар Македонски параглајдерист Мартин Јованоски беше на подиум освојувајќи го 3-место со 17 негативни поени,второпласиран беше Иван Павлов со 12 поени од Србија и прво место Дарко Пантич исто така од Србија со 12 негативни поени.
Другите наши македонски пилоти на параглајдери беа пласирани истотака високо, Миле Јованоски влезе во 10 -те најдобри, а Борјан Јованоски беше на одличното 16 место . Со вој резултат кој носи повторно бодови на Светската ранг листа на ФАИ , Македонските параглајдеристи ке се поткачат повторно за некое место повеќе, да напоменеме во моментов Мартин Јованоски е 13-место, а да кажеме дека бил и многупати и на 1-место. Едноставно НАЈДОБАР во СВЕТОТ.
Со овој резултат Македонската репрезентација станува сериозен конкурент за освојување на медал од ЕВРОПСКОТО 2014 ,како што кажавме се одржува во септември на истото место,на истиот терен,за информација Параглајдинг клуб-Делта-Прилеп ,минатата година 2013 исто во Вршац на ,,Светскиот куп 2013,, го освои 2-место во ТИМОВИ, отука Македонија е конкурент за медал на Европското 2013,само треба Воздухопловната Федерација и одговорните за спорт во Државата да знаат дека со малку финансии можеме да бидеме во ЕВРОПА високо пласирани во дисциплината Прецизно слетување.

Со почит до вас !
Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп

www.paragliding-club-delta-prilep.com.mk