Paragliding club "DELTA" - Prilep

Paragliding ligue Serbia, 8 September 2013, Niska Banja, Serbia

Параглајдинг клуб ДЕЛТА - Прилеп прифакајќи ја владината програма за СПОРТСКА НЕДЕЛА, по повод 8 Септември денот на независноста, покрај кошаракарите, фудбалерите и голем број други спортски клубови и тој зеде учество на еден меѓународен FAI-2 натпревар во соседна Србија, каде за Србите тоа беше покрај Меѓународен натпревар на кој зедоа учество Српски, Македонски и еден параглајдерист од Јапонија, преставуваше и лига натпревар. Членовите на Параглајдинг клубот ДЕЛТА-Прилеп во екипна конкуренција го зазедоа 2-то место со 795 бода, трети беа Арес од Београд, а додека 1-то место им припадна на Беркут од Вршац.
Во поединецна конкуренција ветеранот Миле Јованоски беше на 9-то место, најмладиот на натпреварот 18-годишниот Борјан Јованоски беше на 4- то место при што бронзата му избега за неколку сантиметри. На прво место БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА беше нашиот најдобар парглајдерист Мартин Јованоски кој со само 34 негативни поени победи на овој натпревар, додека на 2-то место беше Дарко Пантич со 210 и на трето место Тамара Костиќ со 241 негативен поен.
Генерално Македонскиот параглајдинг имаше добра презентација во дисциплината прецизно слетување, по повод ПРАЗНИКОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8-септември. Параглајдинг клубот ДЕЛТА-Прилеп останува и понатаму ПРЕЗЕНТЕР на квалитетниот параглајдинг, носејќи голем број на СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТИ. НАЈГОЛЕМ ПРЕЗЕНТЕР на тоа е Мартин Јованоски, а во последно време и неговиот брат БОРЈАН ЈОВАНОСКИ кои заедно двајцата се иднината на Македонското Воздухопловство, поточно на Македонскиот ПАРАГЛАЈДИНГ. Тие ја прифати ја ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА ЗА СПОРТСКА НЕДЕЛА и верувајте во тоа УСПЕАЈА. Стануваме ПОБЕДНИЧКА НАЦИЈА !!! Параглајдинг клуб-ДЕЛТА-Прилеп