Paragliding club "DELTA" - Prilep

Welcome to Our Website!

PGAWC and 9-th FAI Pre World Paragliding accuracy championship - Vlore 2016, Albania

Здраво почитувани!

Изминативе денови во Црна Гора и во Албанија се одржаа два по ред Светски купа во дисциплината Прецизно слетување во цел.Одржувањето на два по ред Светски купа беше споено во два последователни периоди во времетраење ЦРНА ГОРА-Беране(05-08 05. 2016 ) ; и во АЛБАНИЈА -Валона (10-15 05.2016) се со цел натпреварувачите кои не се од Европа да учествуваат на два натпревари, а да не прават дополнителнo финансиско оптоварување.
Значајно беше тоа што натпреварот во Албанија-Валона преставуваше Пред СВЕТСКО ПРВЕНСТВО. Карактеристика на натпреварот беше тоа што учествуваа стотина натпреварувачи-пилоти на параглајдери, од 20-тина држави од целиот свет.
Македонските параглајдеристи постојано жнеат големи успеси на меѓународни натпревари, така и овојпат најпрвин во ЦРНА ГОРА-Беране тимот каде браката Јованоски( Мартин и Борјан) учествуваат, го освоија 2-место во конкуренција на Тимови.
А формата ја натемпираа како и секогаш точно кога ке треба освојуваки го 1-место во АЛБАНИЈА-Валона а додека нивниот тренер и татко кој воедно е и селектор на Македонската Репрезентација МИЛЕ ЈОВАНОСКИ го освои 1-место во поединечна конкуренција.(малку фалеше да со третата серија направи (НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД), во тоа не успеа со надеж дека идната година ке се обори некој Светски рекорд.
Со тоа фамилијата Јованоски на Македонскиот Параглајдинг и донесе уште еднаш голем успех на Мегународен натпревар од највисок ранг, нагласуваме Пред СВЕТСКО ПРВЕНСТВО идната година во истиот период ке се одржи СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, каде нашите Македонски параглајдеристи ке атакуваат повторно на највисок пласман, а и според резултатите се гледа дека се тим без конкуренција. Македонија не може да се пофали со таква доминација во некој спорт, ете овде, во Параглајдингот сме во СВЕТСКИОТ ВРВ благодарејќи на нашите парглајдеристи особено на фамилијата Јованоски која дава во тимот тројца репрезентативци.
Резултати можат да се најдат на веб страната на www.pgawc.org или на веб страната на Албанија опен 2016
Со почит до вас !

Параглајдинг клуб ДЕЛТА - Прилеп
Миле Јованоски
- селектор на Македоска репрезентација во дисциплина прецизно слетување со параглајдери -
контакт телефон 070.612.437