Paragliding club "DELTA" - Prilep

Welcome to Our Website!

Pre Euro & Hungarian Open 2015, Krusevo - Macedonia

Pre-European&Hungarian Championship 2015 - Sport category:
1. Martin Jovanoski
2. Thomas Milko
3. Jacek Gorski

Pre Euro & Hungarian Open 2015, Krusevo (Macedonia) HD!, TASK 3

Pre Euro & Hungarian Open 2015, Krusevo (Macedonia) HD!, TASK 4

Po tradicija, organizacijata bese odlicna i gi zadrza visokite standardi. Da se nadevame na kvalitetno Evropsko prvenstvo so silen MKD tim slednata godina. Edno e jasno, a toa e deka vo MKD pobedi letanjeto.

Macedonian paragliding pilot Jovanoski Martin won Pre PWC Cameli 2014 - Turkey

Здраво почитувани!

Веднаш кога се разбра дека нема да се оди на Европското Првенство во Вршац во соседна Србија во дисциплината прецизно слетување, Мартин Јованоски заедно со неговите во параглајдинг клуб ДЕЛТА-Прилеп се организираа за да не губат време и затоа што како клуб се многу поорганизирани кога се работи за национални натпревари. Државата треба да даде пари за котизација, за транспорт, за престој и да ја испрати националната селекција како што прилега (за жал тоа го немаме во параглајдерството веке многу време), а верувајте сме фаворити особено во дисциплината прецизно слетување за постигнување светски резултати. Тоа сме го докажале на клубско ниво многупати, но повторувам за жал кога треба нацијата да ја преставуваме, одговорот е НЕМА ПАРИ !!!
Кога се работи за клубска oрганизација, тука параглајдинг клубот ДЕЛТА-Прилеп предначи и неговите членови секогаш се во светскиот врв, докажано веке многу години наназад. Особено тоа го прави најдобриот македонски параглајдерист Мартин Јованоски освојувач на медал од Светското првенство во Литванија, добитник на признанието Млад спортист на Македонинја за 2008, долго време 1-во место на светската ранг листа, освојувач на 4 светски рекорди, победник на светски купови и т. н...
Деновиве МАРТИН ЈОВАНОСКИ е на Меѓународен параглајдерски натпревар во дисциплината прелети во Турција и со гордост ви ја даваме оваа најнова информација каде и денес, последниот ден е прв, како што од почетокот водеше. На крај којзнае по кој пат во оваа 2014 година често му се случува да се најде на пиедестал и тоа не на било кое место, туку на 1-во место најдобар без конкуренција. Честитки за Мартин за овој успех треба да следат од сите структури на државата: федерацијата, Агенцијата за спорт и млади, општина Прилеп каде што бил избиран за спортист неколку пати.
Само за информација сега во Турција следи една недела (7-дена) пауза и веднаш после тоа на истиот терен ќе се одржи СУПЕРФИНАЛЕТО од СВЕТСКИОТ КУП за 2014 каде Мартин Јованоски се пласира со одличниот резултат оваа година во Крушево и Прилеп, каде што неговиот клуб беше организатор на еден од 5-те светски купови за 2014 год. Повторуваме тогаш Мартин Јованоски на Украинско - Унгарското првенство беше на 3-то место поединачно, а 1-во место во тимови. На Светскиот куп 2014 беше на 15-то место во поединечна конкуренција и тој успех му донесе СУПЕРФИНАЛЕ, а повторно беше 1-во место во тимови (да напоменеме во тимот "GIN gliders"), каде фирмата "GIN" од Јужна Кореа е спонзор на Мартин Јованоски.
Светските Фирми го препознаа македонскиот бренд и така успесите на Мартин Јованоски се нижат, но жално е да не се отиде на европско првенство во соседството тука во Србија, во Вршац, кога веќе знаеме дека лани на пред европското првенство Мартин беше на подиум, а тимот од параглајдинг клуб Делта-Прилеп беше на 1-во место. Истото се случи и пролетва во Вршац кога беше контролата за Европското првенство, но кога требаше да се оди како државна репрезентација на Македонија заклучивме дека нема пари за одење.
Имаме ПОТЕНЦИЈАЛ, ЖЕЛБА, ЗНАЕЊЕ и ИСКУСТВО и затоа е потребно некој да се запраша зошто за малку пари не се оди на европски и светски натпревари на кои ќе му се покаже на светот дека постои Македонска држава и дека таму се грижи некој за спортистите параглајдеристи. Нели ние спортистите сме најголеми амбасадори ?

Со почит до вас !

Параглајдинг клуб ДЕЛТА - Прилеп
Миле Јованоски
- селектор на Македоска репрезентација во дисциплина прецизно слетување со параглајдери -